Liveurope

LIVEUROPE извештај

Платформата LIVEUROPE објави најнов извештај во кој се набројани влијанијата и забележителните достигнувања на мрежата за музичкиот сектор од самото воспоставување на платформата во 2014 година па наваму, со акцентирање на механизмите за справување со условите што ги наметна пандемијата од Ковид 19 во однос на циркулирањето на музичките артисти.

Главните поенти од извештајот, со кој МКЦ како официјален партнер во мрежата особено се гордее се: 

  • До март 2020, во концертните сали кои се дел од Liveurope букирале за 63% повеќе европски музички артисти за разлика од периодот пред да се дел од мрежата
  • Со помош на партнерските напори во мрежата, приближно 3000 артисти добија поддршка да организраат своја турнеја во последните 7 години, вклучувајќи и артисти како Christine and the Queens (FR), Rosalía (ES) и MØ (DK);
  • Бројот на парнтерски концертни сали во платформата е во постојан пораст со секоја измината година, започнувајќи со 13 сали во 2014 до 21 сали во 21 земји денес
  • Земен е предвид и периодот во пандемијата, која значително влијаеше на изведбата на артистите во живо и донесе свои предизвици во музичкиот сектор и поради истото, падот на организирани концерти под етикетата Liveurope е паднат за 67% за разлика од пред пандемискиот период
  • Моменталните попуштања во мерките за организација на јавни настани на светско ниво не се доволни за музичкиот сектор повторно се врати на свој колосек, потребно е таргетирано финансирање и координиран пристап од европските фондови

Погледнете го целиот извештај на следниот линк: impact.liveurope.eu