МКЦ Скопје стана горда членка на Liveurope, платформа од 21 култни европски музички сали, кои работат заедно за да ја зајакнат различноста на европската богата музичка сцена.
Основана во 2014 година, Liveurope ги охрабрува музичките сцени да ги прошират своите програми и да бараат нови европски уметници што допрва треба да бидат откриени.
Сите членови на Liveurope се култни места во нивните региони, како и високо професионални инфраструктури. Како придружна членка, МКЦ Скопје добива директен пристап до мрежа на врвни музички професионалци за размена на добри практики и заеднички уметнички откритија, со што се засилува позицијата на меѓународната музичка сцена.
Liveurope е иницијатива за поддршка на концертни сали во нивните напори за промоција на надоаѓачки европски артисти. Платформата дејствува како сертификат за квалитет, кој се доделува на концертни сали што работат посветено на претставување на европската музичка разноликост. Главната цел на Liveurope е да ја засили програмската понуда на млади европски артисти низ континентот, а истовремено да им помогне да стигнат до што поширока публика. Воспоставена во 2014, платформата Livеurope e прва иницијатива од ваков вид во Европа.
Кои се членови на платформата?
Liveurope е организација од членови, која обединува меѓународни концертни места низ цела Европа.
Платформата е координирана од Ancienne Belgique, меѓународно познатата и популарна концертна сала лоцирана во срцето на Европа, Брисел. Потенцијалните кандидати-членки на оваа организација се селектираат врз основа на нивната програма и посветеност во понудата на европски таленти и артисти, како и нивната професионална инфраструктура и меѓународна репутација.
Како функционира Liveurope?
Liveurope нуди поддршка во форма на финансиски бонус на концертните сали што се дел од платформата, пропорционално на нивната понуда од надоаѓачки, не национални (домашни) европски артисти. Идејата зад овој механизам е да им овозможи финансиска поддршка на концертните сали да работат во овој правец во постојан континуитет, т.е. да промовираат европски артисти секоја година.
Концертните сали имаат целосна автономија во нивното програмско одлучување, сѐ додека музичките артисти што ги букираат се надоаѓачки млади европски таленти.
Во иднина, Liveurope цели кон проширување на платформата со прием на повеќе концертни сали од Европа, со што ќе прерасне во единствен знак за квалитет со кој се гарантираат условите и програмата на европските концертни сали.
Каква е програмата „Креативна Европа“?
Целта на програмата „Креативна Европа“ на Европската унија е да ги поддржи европските културни, креативни и аудио-визуелни сектори. Liveurope, како една од првите иницијативи кофинансирани од оваа програма има одговорност да донесе нови уметници и музика до новата публика преку европските граници, поддржувајќи ги новите музичари во нивната уметничка кариера.
Liveurope
@МКЦ Скопје
- БОЈАНА ВУНТУРИШЕВИЌ И АЛЕМБИК13. 5. 2023 | 21:00
- SINKS + FOTBAL3. 5. 2023 | 21:00
- Guadalupe plata & Short reports14. 4. 2023 | 21:00
- Парнепар + Vagina Corporation11. 4. 2023 | 21:00
- LIVEUROPE 2022 ВО БРОЈКИИзвештај 2022
- Liveurope фестивал во Скопје24-26. 11. 2022
- МУЗИЧКИ БЛОК5.11.2022 | 20:00
- VOJKO V3.3.2023 | 21:00
- Space weaver22.9.2022 | 21:00
- 7 ГОДИНИ LIVEUROPELiveurope – извештај
- Sitzpinker на ЗДРАВО МЛАДИ3.9.2022 | 18:00
- LALALAR на CINEDAYS10.7.2022 | 22:30
- ТАМАДА НА ЗДРАВО МЛАДИ3.9.2022 | 18:00
- Sara Renar, Possibility OF Island, Lastdodobird30.4.2022 | 21:00
- POCKET PALMA, ТАМ, BLACKSTATE26.3.2022 | 21:00
- 4ЕСДЕНА И DEAD MAN’S HAT12.3.2022 | 21:00
- GAZORPAZORP, SV.PSETA & ООHS!26.2.2022 | 20:00
Liveurope
Платформата е кофинансирана од Креативна Европа, програма на Европската унија.
Членови на Liveurope:

