МКЦ Рецензија

Три круга за да бидам таму или приказна за три света

Опусот на Марија Чепишева е хибридната графика. Таа прави симбиоза на аналогната со дигиталната графика. Графички дизајн испираран од животот пренесен на хартија ,форекс и плексиглас. Големи и мали дигитално испечатени дела интервенирани со мануелен пристап, употребува четка, креда, јаглен при што на веќе познатиот концепт му дава личен печат.

Просторот каде што се презентирани графиките на Марија или галерискиот простор на МКЦ дава можност да доближи дела како нејзините до гледачот без никаква потешкотија. Иложбата е презентирана под одлично галериско светло и дозвулува да ја погледнете уметноста во полн сјај.

Изложбата е поставена на некој начин ретроспективно, создавајќи лична приказна. Марија раскажува за нејзините три света. Примарни чисти бои врз кои втиснува кружно дефинирани линии е уметничкиот израз на уметницата, надеж и решение, кои ги бара во себе како интермецо од суровата релност. Мирисите од минатото ги слика како апстрактни цветови. Кругот за приказната на Марија е почетокот и крајот. Светот и е цикличен со надеж да погледне длабоко во себе и да наслика експлозија на чувства од минатото и сегашноста. А сегашноста за авторката е нејзина мала ќерка, која е централната инспирација во нејзините дела. Таа сака едноставно на гледачот да му го доближи и претстави дигиталниот принт како уметност што буди чувство на слика, а не само украс во просторот или објект за опсервација.

Постдигиталниот печат е изборот на Марија каде што таа допечатува графички дела и интервенира жестоко и чуствително без да заборави да остави личен пример за симбиозата меѓу новата дигитална технологија и класичната графичка дисциплина.

Марија е наградуван автор и уметник, кој сѐ уште учи постдипломски студии во клатсата на академик проф. д-р Ферхим Хусковиќ со амбициозен поттик да се релизира интернационално.

Останува да видиме дали творештвото на авторката ќе расте кон поширок поглед на светот или ќе остане во личната приказна. Ќе продолжи ли Марија Чепишева  иновативно во дигиталното време и што е следното од неа?

Верџина Бајкова