МКЦ Рецензија

Мантра на љубовта – РЕЦЕНЗИЈА

кон изложбата на Маја Андонова Јокиќ

Преку своите акрилни слики уметницата Маја Андонова Јокиќ зборува за љубовта.Нејзините дела рефлектираат магиски реализам така ја нарекува, Ана Јосифовска историчар на уметноста, главната нишка во нејзиното творешво. Таа слика смело со интезивна палета на бои, неон во широк спектар и пастелни нијанси. Линијата е понекогаш мека и лелеава, а пак некогаш силна и геометриска. Можеме суптилно да го опишеме творштвото на Маја како спиритуално пиктографско со зрел поглед кон својата внатрешна интимна верба.

Маја верува во внатрешната своја сила на експресија и тоа вешто го изразува во своите дела во последните нецели две години доѓа до чуства кои произлегуваат лични искуства како спокој каде е своја , танцува, љуби и се преобразува. Таа за себе вели: „Во пространството на животот сонувам во бои, дишам во ритам  и откривам длабочини нови, во магијата на ноќта љубовта се раѓа , лесно и тивко заминува старото, доѓа новото, убаво е, тука, во мене чувството живее“.

Маја во галеријата на Младинскиот Културен Центар е присутна со извонреден број на дела, ги бои ѕидовите со емоции и жестки бои, раскажува ликовна приказна која е лично ослободување. Ја доближува „Мантрата на љубовта“ до глдачот безусловно и ја отвара душата.

Верџина Бајкова