МКЦ Рецензија

Изложби МКЦ: ранг-листа за 2020 година

И покрај вонредните околности со кои се соочивме во текот на цела 2020 година, Младинскиот културен центар успеа да ја реализира својата годишна програма на полето на визуелната уметност, каде што можност да изложат добија над дваесет млади и надежни уметници, дел од нив за прв пат презентирајќи го своето творештво пред очите на пошироката јавност. По сите реализирани изложби и проекти што беа дел од овогодишниот репертоар на Младинскиот културен центар, како конечно заокружување на сите активности за 2020 година, и поттик за уште поквалитетни проекти во 2021 година, беше направена оваа ранг-листа на успешно реализирани изложби, при чија подготовка објективно и категорично беа разгледани следниве критериуми и колку реализираниот проект/изложба успеал да ги исполни истите, и тоа:

  • сериозност во пристапот и проблематиката што се разработува;
  • технички третман и комплексност во изработката на делата;
  • идејна цел и значење што авторот сака да го постигне преку изложбената поставка и реализацијата на проектот;
  • начинот со кој изложбата и делата успеале да остварат комуникација со публиката;
  • техничка подготовка и целокупна успешност во подготовката и анимацијата на изложбениот простор.

Конечната ранг-листа за 2020 година изгледа вака:

  1. „Ничии прагови конкретно“ – Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, дел од фестивалот ППЖ 8 | Жените се малцинство, Галерија МКЦ, 17.8.2020
  2. „Caution: X.G.O.T.A.G.O! (Eclusive Grounds Of The Angsty Gullible Observers)“ – Анкица Митровска, Галерија МКЦ, 2.10.2020
  3. „Натура“ – Тамара Забазноска, Галерија МКЦ, 23.6.2020
  4. „Потиснат потенцијал“ – Душан Стефановски, Галерија МКЦ, 3.6.2020
  5. „Архиметрии“ – Андријана Тилиќ, Галерија МКЦ, 25.11.2020
  6. „25-тата слика“ – Ертунч Сали, Галерија МКЦ, 9.9.2020
  7. „Небо“ – Јана Јакимовска, Галерија МКЦ, 14.12.2020
  8. „Трансфигурации“ – Ана Трајковска, Галерија 2 МКЦ, 22.12.2020
  9. „Сеќавање за Сион“ – Давид Атанасоски, Галерија МКЦ, 4.12.2020
  10. „Релапс“ – Иван Ивановски, Галерија МКЦ, 3.11.2020
  11. „Vita“ – Филип Петковски, Галерија 2 МКЦ, 26.10.2020
  12. „Подароци“ – Марко Илиевски, Галерија МКЦ, 23.12.2020
  13. „Ликовни решенија/Blue Moon“, Стефан Младеновски и Давор Ќешќец, Галерија МКЦ, 22.10.2020
  14. „Ерос и Танатос“ – Весна Ничевска, Галерија МКЦ, 10.6.2020
  15. „4хСлобода“ – групна изложба, Шќипе Мехмети, Јана Јакимовска, Снежана Мелник, Ала Хвастунова, Галерија МКЦ, 14.10.2020
  16. „Повторно на 0“ – Илина Арсова, Галерија 2 МKЦ, 26.9.2020
  17. „Модулар“ – Ненад Тонкин, Галерија МКЦ, 12.6.2020
  18. „Purgatory“ – Бурџу Мусли, Галерија 2 МКЦ, 31.8.2020
  19. „Движење“ – Марија Ќурчиева, Галерија 2 МКЦ, 25.06.2020
  20. „Coolest dead people“ – Кристина Карапеоска, Галерија МКЦ, 25.7.2020

За многу идни успеси и уште поквалитетни проекти во 2021!

Ангела Витановска,
дипл. историчар на уметноста