МКЦ Рецензија

БЕЛИ ЛАГИ – РЕЦЕНЗИЈА

кон изложбата на Методија Јованов

„Бели лаги“ прикажува колекција од 13 слики на Методија Јованов. Изложбата ги предизвикува гледачите да се сомневаат во нивното разбирање на фикцијата. Јованов вешто ја замаглува границата помеѓу реалното и имагинарното. Неговато уметничко творештво е инспирано од поп културата, модата и познати личности како Енди Ворхол, Дијана Вриланд, Елтон Џон и Лана Дел Реј.Инспирација ја бара во поп-артот, неговите дела се симбиоза од живописни бои и позната иконографија за овој сликарски правец кои заедно  ја пренесуваат неговата визија на платното.Јованов воспоставува вистинска врска со публиката, предизвикувајќи чувство на меланхолија и прекумерна сентименталност.

“I don’t smoke” и “The backseat”  претставуваат вистинска драма на платното. Овие две дела предизвикуваа размислување кое е визуелен приказ на постојаната измама што произлегува од создавањето фасада на совршенство.  

Методија Јованов е 25-годишен сликар со потекло од Кавадарци, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје под менторство на проф. М-р. Благоја Маневски. Јованов запрвпат изложува во галеријата на МКЦ со изложбата  „Бели лаги“  која ја следи неговата прва самостојна изложба, „Одличен кич“, одржана во Музеј галеријата во Кавадарци. Јованов  исто така учествувал на повеќе групни изложби.

– Верџина Бајкова