изложба на карикатури
23 – 27 мај
Изложбата „Заедничка глупост (заедничка историја)“ ја организира Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој е основан од македонски и бугарски интелектуалци и политичари, кои сакаат зближување и заедничка европска иднина на двете држави. Нивната цел е да се зближиме и подобро да се запознаеме со заедничко исмевање на нашата заедничка глупост, која се заканува да стане наша заедничка историја во иднина.
„Веруваме дека исмевајќи се на нашите стравови прикажани преку карикатурите на автори од двете земjи, полесно ќе ги надминеме и ќе видиме колку несоодветни изгледаат погледнати отстрана. Убедени сме дека не постои подобар начин да ги надминеме негативните емоции и да го видиме човечкото во себе, од тоа да се смееме заедно на сопствените грешки“.
Автори: Учесниците од БГ: Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви – автори на карикатурите во Прас прес, кој е особено популарен хумористичен весник во Бугарија и го ужива вниманието не само на публиката, туку понекогаш и на властите. Тие се едни од најпрепознатливите имиња од овој жанр во Бугарија.

Од македонска страна своето учество го потврди Мирослав Георгиjевски Миро и очекуваме одговор од уште тројца македонски карикатуристи. Мирослав Георгиjевски Миро е македонски карикатурист роден е во 1946 година и по професија е машински инженер. Во струката работел долги години и тоа на изградување челични конструкции по Балканот и пошироко. Работел и неколку години и како индустриски дизанјнер, но секогаш цртал карикатури, неколку години тоа го правел и професионално работејќи за неделни и дневни спианија. Член е на друштвата на карикатуристи од Хрватска и Македонија. Учесник на многубрајни натпревари и конкурси за карикатури на кои има освоено доста награди. Активно карикатури работел во весникот Нова Македонија и списанијата Остен, Македонско дело, Македонско сонце, Керемпух… Освен групни изложби има направено и самостијни во сите балкански држави.

Изложбата трае до 27 мај