Изложба

НЕБОТО Е СИНО (THE SKY IS BLUE)

изложба на Лина Дамјан

21 април – 10 мај

Оваа изложба е од амбиентален карактер и го претставува небото во апстрактна форма. Восхитувајќи се кон убавината и моќта на небото, делата пробуваат да го фатат секој негов миг, секој атом и движење во него. Преовладуваат сини тонови, од најтемни до најсветли, чиста бела и чиста црна боја (симболи за светлината и темнината во небото) преземена од поп-артот, а форматите се искористени во максималистички стил. Изложбата се состои од една видеопроекција, анимација, три слики во техниката масло на платно и три дигитални слики. Поставката ќе биде изложена до 10 мај. 

Лина Дамјан е родена во 1997 година во Скопје. Во 2020 година завршува на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, на катедрада за сликарство. Има реализирано две самостојни изложби „Пиктографија“ и „Renaissance fragments“.