Изложба

ЉУБОВ

ИЗЛОЖБА НА АЛЕКСАНДРА МИРИЌ

14 – 28 февруари

Овие трудови настанале како резултат од истражувањето на позитивниот и негативниот простор, на позитивните и негативните емоции на воздржани и невоздржани постапки. Позадината на секоја слика е слика за себе, експресивна, нова идеја невоздржана од целта или од крајниот резултат. Таа е претстава на интимниот живот, мисли, чувства, којашто не ја допираат стегите на туѓите очекувања. Лицето на сликата, лицето што го претставуваме на јавноста ја содржи формата, содржината екстрахирана од интимата. Лицето елиминира еден нејзин дел, го манифестира само она што опкружувувањето е подготвено да го прифати, слушне, види во стегите на општествена прифатливост кои некогаш нè чуваат, некогаш го извлекуваат најдоброто од нас, а некогаш нè воздржуваат. Уметноста, на крајот од нештата, дава можност позитивниот и негативниот простор, интимата и јавното во секој од нас да се сретнат, испреплетат, влијаат едно врз друго и коегзистираат во (не)промисленa хармонија.

Александра е архитект-конзерватор. Валоризацијата на градителското наследство го проучувала на универзитетот во Прованса, Франција. Со докторат по архитектура се стекнала на универзитетот во Ниш, Србија, а со докторат по aрхеологија на универзитетот Лион 2 во Франција. Како самостоен истражувач е посветена на проучувањето, презентацијата и промоцијата на светското културно наследство и локалните традиции, добитник е на бројни награди за извонредни придонеси во развојот на науката и културата. Со самостојни изложби се претставила во Ниш (2010, 2015, 2018, 2019), Ќуприја (2018), Париз (2017), Скопје (2017) и учествувала во повеќе десетици групни изложби и меѓународни ликовни колонии. Нејзините слики се наоѓаат во приватни и јавни збирки во Србија и во странство. На единствениот српски ликовен конкурс посветен на надреализмот, Во чест на Матиќ“, нејзината слика Светците што маршираат“  е наградена во 2017 година со прва награда.


Таа ги распоредува своите мотиви мислејќи со надреалистична сила, кокетирајќи со јасен, силен колорит, минималистички форми на мотиви кои ја раскажуваат приказната од јазикот на нејзините соништа, стилизирајки ги понекогаш до граница на знак. Разиграната позадина, со многу детали, сепак не доминира над централниот мотив кој ја раскажува нејзината приказна, водејќи нѐ низ нејзиниот чудесен свет, свет на нејзината имагинација и нејзиниот сон.“
Новак Новаковиќ, Мастер прим. на уметност

…Станува збор за личност која тежнее кон синтеза до метафора и знак.“
м-р Миодраг Даја Анѓелковиќ, академски сликар