Изложба

ЈАС СУМ ДУХ

Изложба НА Иван Петрушевски – Флим

7 – 18 октомври

На 7 октомври со почеток во 20 часот во галеријата на МКЦ ќе биде отворена самостојната изложба на илустраторот Иван Петрушевски – Флим со наслов „Јас сум дух“. Тема на поставката е заборавениот поранешен дизајн на лампи и лустери од 70-тите години. Носталгичната енергија на овие предмети е преточена во два дела – серија графики и светлосна инсталација. Поставката дава нов живот и значење на колекционерството на стари лампи.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 18 октомври.  


Иван Петрушевски е графички дизајнер и илустратор. Има голем број на групни и самостојни изложби (Скопје, Атина, Канели, Берлин, Буенос Ариес). Тој е дипломиран историчар на уметноста но работи како визуелен уметник повеќе од 10 години.