Изложба

ИНФЛУЕНСЕРИ

Изложба на СЛИКИ ОД СНЕЖАНА ШУМКОВСКА

15 – 24 август

Изложбата насловена „Инфлуенсери“ е првата самостојна изложба на Снежана и е концепирана од 18 слики на платно изработени во комбинирана техника. Инфлуенсерството како социјален факт во последниве години е иницијален тригер уметникот своето доживување од овој феномен да го пренесе на платно. Ова доживување е доловено во различни содржини што ги нуди гигантската електронска џунгла преку интензивен колорит и доминација на цртеж. Човекот зазема централно место во составот во кој симболите се појавуваат насекаде со цел да предизвикаат универзални чувства и аспирации. Делата се со доза на реализам, но и со доза на геометриска и лирска апстракција, карактеристична употреба на текстури, на композиции, чувство на рамнотежа и хармонија, но и спонтаност како клучен фактор.

Снежана Шумковска е родена 1980 во Скопје, каде што завршува средно уметничко училиште и дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек педагошки, насока сликарство. Ликовниот аудиториум со своите дела и препознатлива колористичка експресија ги запознава преку многуте групни презентации во државата и странство.

Изложбата ќе биде поставена до 24 август.