





Драги раноградинарци,
На наша особена чест и задоволство ве каниме на отворањето на новата пермакултурна градина лоцирана во МКЦ Скопје со наслов ГРАДИДНИНА!
ГРАДИДНИНА е резултат на меѓународниот проект Big Time Takeover развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и иновација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади“ во кој стратешки партнер е ЈУ МКЦ Скопје.
Истата има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата што ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина што е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирањето грижлив пристап кон природата.
Целта на ГРАДИДНИНА е да биде динамично место, кое покрај својата основна функција – создавање нов простор во МКЦ во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе биде и простор за изникнување на различни идеи и проекти врзани со широки grassroots иницијативи.
Ќе има и пригодна музика и по некој коктел.
Ве очекуваме!