Златна рамка 2020

„Златна рамка“ е годишна ревија на македонските филмови произведени во изминатата календарска година.
Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници, во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.

На второто издание на „Златна рамка“ ќе бидат прикажани 22 филма во три програмски целини (долгометражни, краткометражни и документарни филмови).

Проекциите се бесплатни

ПРОГРАМА:

 

14 февруари ПЕТОК
Документарна програма – кино Фросина

17:00 „Тетово самрак“ 63’
режија: Билјана Гарванлиева, Мануел Зимер
продукција: Дрим фектори

19:00 „Медена земја“ 85’
режија: Тамара Котевска , Љубомир Стефанов
продукција: Трис филмс

20:30 Документарна програма – Џебно кино

„Господа од современа“ 25’
режија: Ана Алексовска
продукција: Лист продукција

„Театарот во Скупи“ 51’
режија: Владимир Блажевски
продукција: Фокус Покус Филм

21:00 Долгометражна програма – кино Фросина

„Незаборавна пролет во заборавено село“ 119’
режија: Куштрим Бектеши
продукција: Мануфактура продукција

15 февруари САБОТА

17:00 Краткометражна програма – кино Фросина

„Знак“ 13’
режија: Елеонора Венинова и Јона Розенкиер
продукција: Southeast European Factory (SEE Factory)
„СК2020“ 21’
режија: Радован Петровиќ
продукција: Кино Око
„Јас не сум Игор“ 20’
режија: Сергеј Георгиев
продукција: Контраст филм
„Идентитет“ 24’
режија: Ерман Мемеди
продукција: Фраме Ин
„Другарот“ 16’
режија: Димитар Оровчанец
продукција: Самојлик филм

19:00 Долгометражна програма – кино Фросина

„Врба“ 101’
режија: Милчо Манчевскии
продукција: Банана филм

 

20:30 Документарна програма – Џебно кино
„Писмото ми го донесе шампионот“ 56’
режија: Александар Манасиев, Мирко Трајановски
продукција: Видео Студио Петковски

21:00 Долгометражна програма – кино Фросина

 

„Втора шанса“ 80’
режија: Марија Џиџева
продукција: Смал мовес

16 февруари НЕДЕЛА
17:00 Краткометражна програма – кино Фросина

„Налепница“
19’
режија: Георги М. Унковски
продукција: Синема Футура
„Бебето“ 16’
режија: Бен Аполони
продукција: Кодра Продукција
„Јов“ 22’
режија: Александар Андоноски
продукција: Видео Студио Петковски
„Вера“ 20’
режија: Верица Недеска
продукција: Стори Скоп продукција
„Змијулче“ 10’
режија: Кристина Гацова, Жарко Иванов, Крсте Господиновски
продукција: Флип Бук
„Една“ 11’
режија: Вук Митевски
продукција: Сестри и брат Митевски

19:00 Долгометражна програма – кино Фросина

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“
 100’
режија: Теона С. Митевска
продукција: Сестри и брат Митевски

20:30 Документарна програма – Џебно кино
„(Кеиф) Македонска чалгиска традиција“ 94’
режија: Блаже Дулев
продукција: Авард Филм и Видео

21:00 Долгометражна програма – кино Фросина

„Ефектот на среќа“
 90’
режија: Борјан Зафировски
продукција: Ново Македонско Видео
Влезот е слободен

сала Фросина, Џебно кино