ЗАПОЗНАВАЊЕ НА МОЕТО НАСЛЕДСТВО ПРЕКУ АРТ-ТЕРАПИЈАТА

АРТ-ТЕРАПИЈАТА ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Во вторник во ДКЦ ќе се одржи втората работилница поддржана од Град Скопје – ЗАПОЗНАВАЊЕ НА МОЕТО НАСЛЕДСТВО ПРЕКУ ТЕХНИКИТЕ НА АРТ-ТЕРАПИЈАТА ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ.

Наши учесници на програмата ќе бидат децата од специјалното училиште ЗЛАТЕН СРЕМЕЦ од Скопје. Работилницата ќе се реализира во Младинскиот културен центар во просторот на Детскиот културен центар, во утринските часови.
На работилницата ќе се направи презентација на традиционална веселба, свадба, со прикажување на носии, изработка на бајрак, знаме и сл.

Знамињата ќе се прават на г хамер. Ќе се изработат човечки фигури и истите ќе се украсуваат во мозаик техника во боите на македонската традиција. Тие фигури ќе се лепат на знамињата и гледајќи ги нив ќе се раскажуваат приказни за македонската свадба и македонските обичаи.

Ментор: Јасмина Лукановска    Возраст: 7-15 години

 

ДКЦ на FB >

ДКЦ