промоција на книга од азем делиу (косово)
Промотор на книгата: Сашо Огненовски
Гостинка на промоцијата: Јордана Шемко Георгиевска, преведувачка
„Записите на црвот Смолински“ е роман кој на читателот му го остава истиот впечаток што го остава и краткиот роман „Странецот“ на Албер Ками кој со своите одвај 100 страници своевремено го сврти вниманието на читателите и на книжевната критика. Секако дека романот е книжевен жанр кој е голем тест за зрелоста на авторот, но во случајот со Азем Делиу ни се случува блесок на еден книжевен талент кој ветува дека има уште многу што да му каже на својот читател. Романот кој возбудува и восхитува уште со првата своја реченица, зборувајќи за кафкијанската атмосфера во која потонува овој грешен дваесет и први век, зборува за човековата слабост и недореченост, за неговата неснаодливост во цивилизациската напнатост која ни ја понудува лажниот реалитет на виртуелноста, но зборува и за еден тажен поглед назад, кон смиреноста и вистинските вредности во човековото опкружување.
– Сашо Огненовски
Азем Делиу (1996) е роден во во Скендерај, Косово. Студирал албанска литература на Универзитетот во Приштина. Објавил стихозбирка „Погребен дожд“ (Тирана, 2013) и два романа: „Илегален љубовник“ (Тирана, 2016) и „Записите на црвот Смолински“ (Тирана, 2018) кој влезе во потесниот избор за наградата за литература на Европската унија 2020 година. Делови од неговите дела се објавени на албански, српски, хрватски, босански, турски, англиски, бугарски и германски јазик. Добитник е на пет меѓународни стипендии „Writer in Residence“ и бил гостин на повеќе меѓународни литературни фестивали.Неговиот прв роман е преведен на англиски (TheIllegalKisser), а во моментов се преведува на полски, германски и француски. Живее во Приштина.
Книгата е поддржана од регионалната мрежа за културна разноликост READ.