ЗА СКОПЈЕ

настан што нѐ потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето


ПРОГРАМА:

19:00 – Поетско читање

20:00 – Отворање на изложбата „За Скопје, со љубов од целиот свет“

20:30 – „1963: Good Night Skopje“

21:00 – Музичка програма:

  • Бојан Чакра
  • ЗУЛУ 3.4
  • OFFGROUND
  • KALATA

Организација на жени на Град Скопје традиционално секоја година го одбележува 26 Јули, денот на катастрофалниот земјотрес, кој го погоди наше Скопје, под мотото СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ КОЕ ГО САКАМ.
Како и секогаш по тој повод поетесите ги читаат своите песни посветени на Скопје. Читаат:

  1. Љубица Неделковска
  2. Нада Матиќ
  3. Ленце Милошевска
  4. Натка Цебова
  5. Сава Таковска
  6. Горан Анчевски
  7. Ване Арсов
  8. Чедо Шопкиќ

Музејот на град Скопје ја подготви изложбата „За Скопје, со срце од целиот свет“ на авторката Зоја Богдановска. Основната идеја на изложбата е пред публиката да се презентира хуманоста и солидарноста на народите од целиот свет, кои не признаваат граници и меридијани, а океаните стануваат мала пречка кога човекот сака да му помогне на човека.


1963: Good Night Skopje

Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година, со јачина од 6,1 по Рихтер, во кој загинаа над 1.070 луѓе, беа повредени меѓу 3.000 и 4.000 луѓе, остави околу 200.000 луѓе без покрив над главата. Околу 80 отсто од градот беше уништен.

Режија, сценарио, монтажа: Илија Павлов
Продукција: Персона филм
Времетраење: 26′
Производство 2020


Бојан Чакра
Ротирајќи околу жанрот џез, селекцијата ќе биде бленд од поджанровите што го менуваат курсот на американската музика во периодот од 1955-1965, а најмногу bebop, хард боп, афро-кубан, соул-џез и латино-џез.

Зулу 3.4, еден од поновите современи џез-состави од Скопје, основан 2018 од страна на Дамјан Даневски со идеја да се собере на едно место млади џез-ентузијасти, чија цел е да создадат уникатен звук преку фузија на различни стилови и да донесат ново музичко искуство на македонската музичка сцена. И покрај фактот што се релативно нов бенд, Зулу 3.4 до сега биле дел од мноштво локални фестивали и настани. Во март 2019 година, го издаваат нивниот деби-албум “FM to AM”, кој е сниман во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски. Во март 2020 и ноември 2021 ги издаваат нивните два последователни албуми, во кои воочливо се гледа нивниот еволутивен раст и прогресивен звук. Настапите на Зулу 3.4 се сериознa мини џез-манифестација во совршена линија. Бендот го сочинуваат Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).

OFF GROUND ENSAMBLE е состав од музичари чии звуци формираат специфична магија, инспирирана од афро и традиционалните ритми со фузија на џез и светска музика. Композиторот зад проектот е познатиот македонски Ансамбл составен од дванаесет музичари. Антоние Весковски како композитор и продуцент на музиката, во овој проект ја презентира дуалноста како водечки фактор. Контрастите и различните музички аспекти на членовите се споени и сплотени во една идеја, Off Ground Ensemble.

КАЛАТА е македонски бенд/проект формиран од Симеон Ангеловски (басист, аранжер, композитор) во 2018. Иако започнуваат како дуо, Калата денес брои 9 члена. Нивна инспирација е сета прекрасна и длабоко вкоренета традиционална македонска музика. Нивните обиди да ја пресвират родната музика во комбинација со звукот на 21 век, на неверојатен начин ја носи паралелата меѓу традиционалното и модерното. Македонските „етно“ King Gizzard, малку подобри, реално! Ужасно интересен спој на традицинални вокални делници, невидено луди гитарски рифови и беспрекорно фасцинантен источномакедонски ритам и бит.

МКЦ