Yordan Kostov Quintet

PMGJAZZ се враќа со серија концерти во живо, секако приспособени според реалните услови на пандемискиот живот, но со несмален ентузијазам и страст за презентирање квалитетна музика во живо. Јордан Костов е еден од највредните и најинтригантни ликови на современата македонска џез-сцена. Композитор, хармоникаш и инспиративна фигура, со веќе 4 изданија за PMGJAZZ.
“Come Back” е насловот на највовото издание, кое деновиве се појави на pmgjazz.bandcamp.com
Yordan Kostov Quintet, во кој освен авторот, партиципираат и Андреа Мирческа, Филип Букршлиев, Дамјан Грујо и Драган Теодосиев, е маркантна и сонично флуентна екипа на млади, но беспрекорно талентирани музичари. Нивната соработка е мошне плодна и се протега на неколку изданија и сценски настапи. Нивната музика освојува на прва, понекогаш на втора… Потоа следи разоружување, шише Martini Rosso и фабулозен провод. Сјајни ликови и квалитетни музичари, кои, благо речено, го заслужуваат вашето потполно внимание.


  • Концертот ќе се одржи според пропишаните правила и норми за однесување во пандемиски услови. Задолжително носење маски и одржување на адекватна дистанца.
  • Бројот на билети е строго ограничен на 70, цената е 300 ден, а времето на почетокот на концертот е прецизно во 20 часот. Влез на публика 19:30

кино Фросина