WARM-UP CINEDAYS 2022

Европско патувачко кино под отворено небо

И оваа година Фестивалот на европски филм CINEDAYS со свое загревање во градовите низ Македонија, со што на публиката ѝ се овозможува пристап до најновите европски репрезентативни филмови прикажани на големото платно.

Промовираме филмско искуство, кое поттикнува дебата, вклучување и интеракција на заедницата и ѝ нуди на публиката можност да разговара за филмовите со филмски професионалци и професионалци за темите што ги третираат презентираните филмови.

Прикажуваме филмови што ја рефлектираат европската креативност и различност, секоја година нудејќи по нешто за сечиј вкус со фокус на младата публика.

Го поставуваме европското патувачко кино под отворено небо „WARM UP CINEDAYS“ како еден од најочекуваните патувачки меѓународни филмски фестивали во земјата, нудејќи уникатно фестивалско искуство на локалната публика со прикажување на динамиката и здивот на иновативноста на современата европска кинематографија и со својата живописна програма и придружните активности.

Валандово (Дом на култура):

13 јуни | 20:30
  • Проблемот на Тина (Македонија), реж. Радован Петровиќ, 15′
  • Lovecut (Австрија) 94′
    – разговор со Лилјана Пецова Илиеска, модератор: Влатко Галевски

14 јуни | 20:30
  • Блузот на фармерот (Македонија), реж. Ибер Деари, 15′
  • Смената (Белгија) 83′
    – разговор со Жарко Трајановски, модератор: Влатко Галевски

Кичево (Китино кале):

18 јуни | 20:30
  • Прашливи цвеќиња (Македонија), реж. Мирослав Илиќ, 15′
  • Маре, (Швајцарија, Хрватска) 84′
    – разговор со Марија Димитрова, модератор: Златко Ѓелески

19 јуни | 20:30
  • Новиот почеток (Македонија), реж. Тања Симоновска, 15′
  • Надеж, (Норвешка, Шведска, Данска) 130′
    – разговор со претставник од Асоцијацијата за семејна и системска психотерапија, модератор: Златко Ѓелески

Штип (Дом на млади, летна сцена):

24 јуни | 20:30
  • Paw Law (Македонија), реж. Тамара Котевска, 18′
  • Атлас (Швајцарија, Белгија, Италија) 90′
    – разговор со Тања Милошевска, Факултет за социологија, модератор: Јована Ѓорѓиоска

25 јуни | 20:30
  • Северен пол (Македонија), реж. Марија Апчевска, 15′
  • Вселенско моче (Белгија), 100′
    – разговор со Радан Митровиќ, Скопско астрономско друштво, модератор: Јована Ѓорѓиоска