Вистинскиот Запад

  • сцена: МКЦ, сала 25 Мај

Штрих (МКД)

Режија: Boris Vasileski

Времетраење: 90’

Јазик: македонски

Улоги: Tomislav Davidovski, Marjan Naumov, Martin Manev, Tanja Kocoska

Автор: Sam Shepard
Сценографија и дизајн на светло:
Martin Manev
Костимографија: Simona Danoska
Извршен продуцент: Ava Huseini
Превод од англиски јазик: Mario Stojanoski
Музика: Ivica Dimitrijevic, Jane Trajkovski
Дизајн на постер: Ana Jaceva


Официјално, за прв пат во нашата земја, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард, „Вистинскиот запад“. Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.

Драмата „Вистинскиот запад“ на Сем Шепард е номинирана за Пулицерова награда во 1983, а како дел од овој проект за прв пат на македонски јазик е преведена од Марио Стојаноски.

сала 25 Мај