- сцена: Театар Комедија
Турски театар, Скопје (МКД)
Режија: Vladimir Milcin
Времетраење: 135’
Јазик: турски, со македонски превод
Улоги: Bedija Begovska, Emine Halil, Nesrin Tair, Eljesa Kaso, Dzenap Samet, Selpin Kerim, Neat Ali, Suzan Akbelge, Osman Ali, Slagjana Vujosevic, Ziba Radoncic, Hakan Daci, Erman Saban
Автор: Anton Pavlovich Chekhov
Сценографија: Krste S. Dzidrov
Костимографија: Marija Pupucevska

„Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата.
Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџашува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари. Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници.
„Вишновата градина“ е сценска минијатура во најубавото значење на зборот, во нејзините камерни димензии се содржи трагедијата на светот во кој живееме.
Владимир Милчин, режисер
Пиеса за залудноста, бескорисноста и јаловоста на аристократијата во напорот да го зачува својот статус, но и пиеса за буржоазијата во напорот да му даде значење на својот новооткриен материјализам сведен на алчност и варварство. Објавена 1903, со максимална прецизност ги опишува и состојбите денес.
- Купените онлајн-билети потребно е да ги замените со физички билети со нумерација на седиштата, пред почетокот на претставата во Театар Комедија, Ве молиме дојдете порано.