Викенд предавања во планетариум

*Предавањата се адаптирани за лица над 10 години.

Скопско астрономско друштво повторно ве кани на серија предавања во Планетариумот во Скопје, кои ќе се одржат на 1 и 2 февруари и тоа во два термини од 18 и 19ч. На предавањата ќе може да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

Секако централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната што гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во ограничен број, може да ги набавите во билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.
За информации за билетите јавете се на 071 305 695.
За дополнителни информации за предавањето побарајте нѐ на 076 439 027.

Предавања:

1 февруари – 18:00 | 19:00
2 февруари – 18:00 | 19:00

 

150,-

Планетариум