„Виенски гамбит“ – Анде Jанков

Промоција на најновиот трилер од младиот македонски автор

Промотор: Денис Бојаров
Модератор: Софија Стојков

Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб.
Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет.
Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.
Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?

Анде Јанков е роден на 5.6.1988 година во Велес. Уште од најмала возраст покажува афинитет кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2013 година. Неговиот прв роман, „Едно лето на Крит“, кој излегува од печат во 2016 година во издание на „Култура“, е добитник на наградата „Романијада“.
Живее и работи на релација Скопје–Штутгарт. Моментално го пишува својот трет роман.

FB event

Плато МКЦ