Вечери на женски права (ВЖП) е настан што традиционално се организира од 2010 година и нуди алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Имено, преку уметност, филм и музика, Вечерите поттикнуваат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања. Претходните изданија на ВЖП покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и родовата еднаквост.
11-тото издание на Вечерите на женски права ќе се одржи од 6 до 12 март 2020 во Кинотеката на Македонија и во киното Фросина на Младинскиот културен центар – МКЦ, Скопје.
19:00 | Галерија на МКЦ
Меѓународна ликовна изложба: „Будење“
Кураторка: Шќишпе Мехмети
Учествуваат: Периен Кристиан (ВБ); Сандрин Бридиер (ФР); Драгана Заревац (СР); Гордана Квајо (ХР); Татиана Коцмур (АР/СЛ); Лиза Шименц (СЛ); Александра Санд (РО); Кристина Божурска (МК); Ана Лазаревска (МК); Гента Спахиу Мирзо (МК); Ана Ивановска (МК)

19:00 | Фоаје на МКЦ
Изложба на студентска фотографија: „Кршење на обрасците“
Универзитет за аудиовиузуелни уметности ЕФТА
Институт за родови студии – Филозофски факултет, Скопје
Универзитет за аудиовиузуелни уметности ЕФТА
Институт за родови студии – Филозофски факултет, Скопје
20:00 | МКЦ Кино Фросина
Дебата модерирана од Ана Јовковска со гостите:
– Ленче Здравкин (хуманитарка и активистка),
– Бојан Јовановски (извршен директор на ХЕРА),
– Љуљета Адеми (активистка и феминистка) и
– Ана Голејшка Џикова (поетеса)
– Ленче Здравкин (хуманитарка и активистка),
– Бојан Јовановски (извршен директор на ХЕРА),
– Љуљета Адеми (активистка и феминистка) и
– Ана Голејшка Џикова (поетеса)
20:40 | МКЦ Кино Фросина
Проекција филмот „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“
(90 мин), режиja: Дана Будисављевиќ, Хрватска
(90 мин), режиja: Дана Будисављевиќ, Хрватска
22.00 | Фоаје на Кино Фросина
Настап на „Киклоп“ со нумери од женски изведувачи
Комплетната програма со сите останати активности погледнете ја овде.
Овогодишното издание на Вечерите за женски права е организирано од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје, со поддршка на Град Скопје и UN Women канцеларијата во Скопје, а во соработка со Институтот за Родови Студии – Филозофски Факултет Скопје.
FB event >