„УПМ“ (Уметност-Политика-Мудрост)

Театарска претстава на танцовото здружение „Икс на квадрат“

Кореографија и режија: Бобан Русески и Јована Зајкова

Музика: Дејан Теодосиевски
Изведува: Квартет ВИВА Стрингс

Вокал и перкусии: Зарина Првасевда

Изведувачи: Бобан Русески, Јована Зајкова, Сара Цветковска, Клара Христовска, Микаела Анџела Глигорова, Викторија Коцева, Илина Костовска, Моника Шолевска, Наум Ѓоргиески, Марко Младеновиќ

Секој викенд истото прашање… Да одам на театар или во кафана? Изборот е тежок, џебовите не толку многу, карта за претстава 300 ден, а грло жедно без пијачка не поминува. Епа другари и нас ни се смачи. Додека да завршиме со работа сите кафани испозатвориле. Па си викаме две у едно. И работа и задоволство. Ќе си ја земеме работата у кафана. Или во случајов кафаната на работа. Па ако сакате да се пофалите дека сте биле на театар, а всушност да се закитите со едно културолошко кафанско искуство, елајте на претстава. Ќе има мезе, пијачки, добро друштво. И жива музика ќе има. А и ние ќе настапиме исто…


сала 25 Мај