Универзална во пламен

  • публика со физичко присуство

Факултет за работи што не се учат и МОТ (МКД)

Развој на перформансот: Filip Jovanovski, Kristina Lelovac

Времетраење: 105’
Јазик: македонски

www.akto-fru.org

Учествуваат: Kristina Lelovac, Simona Dimkovska, Deniz Ajdarevic, Branko Atanasov, Ema Davceva, Nina Elzeser, Izabela Jakimova, Endzi Nikoloska, Jovana Spasic, Sandra Tanceva, Antonio Taskovski, Nenad Tonkin, RIB – Ivica Dimitrijevic, Jane Trajkovski, Dzano Kuc, Konstantin Loskov

Соработник драматург: Boris Bakal
Кураторска консултација: Ivana Vaseva
Креативна реализација и музика: Nenad Tonkin
Извршен продуцент: Emilija Cockova
Истражувачи: Kristijan Karadzovski, Simona Dimkovska, Dragica Nikolovska
Видеопродукција: Kristijan Karadzovski
Фотографија: Dragica Nikolovska
Техничка поддршка: Ivanco Velkov, Marjanco Mitrovski, Saso Filipovski, Naum Aluloski, Jovan Maleski, Boban Todorov, Dejan Stojkovski, Aleksandar Atanasovski, Mitat Imeri
Изработка на сценографски елементи: Vlado Dimoski

*Проектот е реализиран во рамки на соработката на ФРШУ со УКИМ Факултетот за драмски уметности – Скопје


На 27 јули 2020, ден по 57-годишнината од земјотресот во Скопје, во јавноста се појави идејата дека Универзална сала ќе се руши. Оваа идеја веднаш поттикна општествена дебата.
Што е улогата на уметноста кога општеството дебатира? Да одговори на дилемата или да (си) го постави прашањето: Какво е тоа општество што нѐ доведе до оваа ситуација?
„Универзална во пламен“ е перформанс-есеј за Жан Кокто во прошетка низ скопските улици, за поетот што во пожарот го спасувал огнот, наместо предметите што гореле. Човекот што уживал во очајот, очајот кој станал популарен со песните на Шарл Азнавур. Ова е и есеј за Азнавур, познат на скопјани по неговата песна што требало да биде пуштена на Радио Скопје утрото на 26 јули 1963 година.
Ова е приказна за затворениот објект на Универзална сала, кој официјално не функционира веќе пет години. Но таа е и дел од меморијата на Универзална сала, среде сите настани во нејзината долга историја.
Ова е претстава за новата солидарност, која овие времиња ја бараат: за пожарот, трагедијата и за катарзата од која треба да роди нова солидарност како фениксот што се раѓа од пепелта, од пепелта на Грамши.

Авторскиот тим што ја освои главната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, 2019 година, со нов перформанс, на актуелна тема, премиерно на отворањето на 45. МОТ.

Оваа претстава ја градиме заедно, во извонредни услови. Затоа Ве молиме да дојдете во топла и удобна облека.
Бројот на посетители е ограничен на 30 лица.
Со купувањето на овој билет се согласувате дека ќе запмтите сe што ќе се случи во текот на претставата.
300,-
со публика

Универзална сала