Изложба на Калина Брајковска
Овој петок ќе биде отворена нејзината 8 по ред изложба „Твојата љубов е круна“ во Галеријата на МКЦ, Скопје. Темата што ја обработува е супер-човек, љубов, слобода.
Делата се со големи димензии во веќе препознатлив силен колорит. Доминираат фантастични битија претставени во делата што поседуваат повисока свест и нѐ водат во други димензии. Претставениот човек е примерок на Аватар, кој покажува човек што љуби, што поттикнува, инспирира, човек ослободен од ниските страсти, човек кој е најдобрата верзија на човештвото.
Изложби:
- 2013 Vevcani Gathering international, Vevcany art colony – NLB GALLERY – Скопје
- 2018 Joie de vivre – МКЦ Галерија, Скопје
- 2018 Over the rainbow – Охридско лето
- 2018 Inca girl – Концепт 37, Скопје
- 2019 Roots-The Exhibition – NLB GALLERY – Скопје
- 2019 Over the rainbow – UK PAROBROD – Белград
- 2020 Carneval – Национална галерија „Мала станица“, Скопје
- 2022 Your love is qrown – МКЦ Галерија, Скопје
Изложбата трае до 16 април