Краткометражен филм – премиера
режија: Стефан Божиновски
улоги: Мартин Ѓоргоски, Тања Кочовска и Предраг Павловски
„Тука сум“ е аматерски, студентски и прв филм на Стефан. Приказна за семејна драма во текот на една ноќ во домот на млад студент хомосексуалец. Филмот го прикажува значењето на поддршката од семејството (или отсуството на истата) во животите на младите ЛГБТИ+ лица, како и прикажувајќи слика за несреќата што општествените стандарди и верувања ја носат во семејството.
- Проекцијата ќе се одржува според сите актуелни протоколи и правила за заштита од Ковид-19.
- Влезот е слободен, но поради запазување на протоколот треба да набавите бесплатен билет преку www.bileti.mkc.mk