- сцена: МКЦ, сала Фросина
ATO Битола (МКД)
Режија: Jovan Ristovski
Времетраење: 80’
Јазик: македонски и знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица
Улоги: Nikola Projchevski, Maja AndonovskaIlijevski, Sandra Gribovska, Anastazia Hristovska
Костимографија: Marta Dojcinovska
Шминка: Simona Ristevska
Дизајн на плакат: Dimitar Ristovski
Дефектолог тутор: Suzana Stanoevska

Претставата е со дидактички карактер во кој децата во интеракција со актерите ја изучуваат азбуката на знаковниот јазик. Главната тема е современата еко-катастрофа, која ѝ се заканува на нашата планета. Трите самовили Розе, Лила и Синка, кои ја совладуваат јазичната бариера помеѓу јазикот на тишината и говорниот јазик на Sвонко Бонбонко се спријателуваат и заедно се обидуваат да го исчистат расфрланото ѓубре што го има насекаде. Нивната мисија е да го сортираат ѓубрето и да го складираат во соодветните корпи за рециклирање отпадок со цел за да живееме во здрава средина со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста земја за одгледување здрава храна.
Прва професионална детска претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица. Во претставата актерите зборуваат говорно и паралелно на знаковен јазик. Наменета е за широката детска публика