Три сестри и Наташа П.

  • фестивалски стрим во живо

Арт Медиа и НOБ (МКД)

Режисер: Natasha Poplavska

Времетраење: 55’
Јазик: македонски

FB – ArtMedia

Играат: Ana Stojanovska, Andrew Cook, Miroslav Mitrasinovic

Гласови: Ognen Anastasovski, Zaklina Petrovska, Ana Stojanovska, Јаna Stojanovska, Natasha Poplavska

Режисер и драматург: Natasha Poplavska
Кореографија:
Olga Pango
Дизајн и видео:
Emil Petrov
Музика:
Ognen Anastasovski
Дизајн на светло:
Milco Aleksandrov
Фотографии:
Emil Petro, Medi Huditi


Jа следиме драмата „Три сестри“ на Чехов со фокус на ликот Наташа Прозорова, сопруга на Андреј Прозоров, братот на трите сестри: Олга, Маша и Ирина. Имајќи предвид дека драмата се вика „Три сестри“, отвораме едноставни прашања: зошто ликот на Наташа на листата на карактери е пред  ликот на Олга, Маша и Ирина? Ако е прв женски лик, зошто не се појавува прва во драмата? Чија е оваа „драма“? „Драма“ на Андреј, на Наташа или ова е „драма“ на Олга, Маша и Ирина? Какви одговори ќе добиеме? Го отворивме проблемот со драмата и преку призмата на „другите“, односно Наташа, ликот што дојде од друго социјално ниво во куќата на Прозорови од Москва.

Претстава направена непосредно пред пандемијата. По карантинот: Чехов со музика во живо, Чехов со корона-маски, Чехов на Нишвил Џез фестивал, ФемАрт Приштина, сега и на МОТ. Чехов за Наташа П., од Наташа П.

Бројот на онлајн посетители е ограничен. Потребно е да го подигнете вашиот билет.
0,-
online

МКЦ, Скопје