ТРАПСЛАВИЈА 3

Другари и другарки,
Подгответе се за третата омладинска работна акција – ТРАПСЛАВИЈА!
На 13 март (петок) во Младинскиот културен центар во Скопје, се спојуваат артистите од регионот на третото заседание во организација на TRAP DA FUCK UP.

Настапуваат:

Swannа x Dino Blunt | Rouzi | Bon Praskiza | Matej Foltz | Irie Scratch | Druggy | Sexy Marsa | S.A.M. | Kacar x Djole | Dope Kukjata | The Smoke House | Young | Dadi | Valuti | 5R | Arre | OG | Nixar

 

Почетокот на настанот е закажан за 21:00, а се журкаме до 03:00 часот.

Билети на билетарницата во МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk и тоа:
– Првите 100 билети – 300 денари
– Следните 200 билети – 400 денари
– Следните 200 билети – 500 денари
– Потоа – 600 денари

Подгответе се за 6-часовно журкање со масовен lineup со некои од најсвежите артисти од Југославија 2020.