Сезоната на фестивалски шејкови се отвора на 1 април (петок) во МКЦ! Со цел поддршка на локалната македонска сцена, овој пат на бината ќе се претстават 10 нови и млади артисти, покрај диџеите од веќе познатата екипа. Вратите отвораат во 21 часот, а настанот ќе трае до 3 часот по полноќ.
- Shorty P
- Irie Scratch
- Nasty
- Ogipsilon
- Young Dadi
- Racer / Vanski
- Varadon / Viksa
- Visionary Records
- Leopard / Luka Chombe
Билетите по цена од 300 денари (на врата 450 денари, ако сѐ уште има достапни билети) ќе бидат пуштени во претпродажба веќе во петок од 13 часот на билетарницата на МКЦ или на bileti.mkc.mk.
Капацитетот е строго ограничен на 400 билети.
Маскирањето е задолжително!
- Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли