Траги од Антигона

  • дигитална изведба, хибриден перформанс

Ансамбл ОДЦ (ГР)

Режисер: Elli Papakonstantinou

Времетраење: 60’
Јазик: англиски, грчки, шведски со англиски превод

www.elli.site

Играат: Nalyssa Green (vocals/keyboards), Serafita Grigoriadou, Gemma Hansson Carbone, Valia Papachristou, Katerina Papachristou (vocals/keyboards/bass), Sophia Manoli

Концепт и режија: Elli Papakonstantinou
Текст:
Christina Ouzounidis
Превод на грчки
: Margarita Mellberg
Превод на англиски
: Elli Papakonstantinou, Gemma Hansson Carbone & Eirini Dermitzak
Музика:
Nalyssa Green & Katerina Papachristou
Сценографија:
Myrto Lambrou
Советник за визуелна уметност:
Mary Zygouri
Сценски движења:
Valia Papachristou
Технички асистент 1:
Charikleia Petraki
Технички асистент 2:
Korina Kotsiri
Трејлер:
Dimitra Mitsaki, Eirini Dermitzaki
Асистент на режија:
Ero Lefa
Фотограф:
FLP Athens, Sophia Manoli


„Ние, жени од различна возраст и уметничко потекло, ги споивме гласовите за да ја пресечеме историчноста на полот, да ги конфигурираме домашноста и дигиталниот простор. Во нашите домашни затвори, ја истражуваме огромноста на јавните агори; врамени во дигитални кутии, ние остануваме транспарентни за целиот свет да ѕирка кон нас, сепак, безбедни во засолништето на нашиот најголем приватен простор (за разлика од другите жени – жртви на семејно насилство).

Еве кои сме: „Отсутните девојки“, во спомен на сите жени пред нас. Исто како и нашите мајки и „сестри“, ние ја користиме изолацијата во наша корист за да ги навеземе античките траги од Антигона како дел од нашата лоза. Исто како и жените пред нас, ние правиме уметност во изолација. Само овој пат излегуваме во јавност!“ „Траги од Антигона“, пребојување на античкиот мит за Антигона, доаѓа како непосреден одговор на глобалното затворање поради коронавирусот и тековниот дијалог за тоа што значи присуството (и отсуството). За прв пат во поновата историја, изолацијата веќе не е женска состојба. ОДЦ Ансамбл во круг на жени истражи целосно нов изведувачки јазик што можеме да го наречеме „театар на изолација“.

Грчката режисерка препознатлива по мултидисциплинарните перформанси со различни уметнички форми, по многу светски фестивали и освоени награди, ја користи состојбата со коронавирусот за нова креација. И повторно, многу фестивали и награди: Citta delle 100 castle (Италија), Romaeuropa festival (Италија), Electric dreams online festival (В. Британија и Австралија), Feather dusting/Future lusting (В. Британија)…

Траги од Антигона e интерактивен дигитален перформанс, креиран посебно за платформата ZOOM, како алтернативна сцена и можност за комуникација со публиката.

Користете лаптоп или компјутер, бидејќи ZOOM нема добра функционалност кога користите телефон/таблет. Исто така, проверете дали сте ја преземале најновата верзија на платформата ZOOM за да може да ја гледате претставата како што е поставена.

Бидете на време за да ви помогнеме да ја поставите вашата ZOOM околина и да бидете подготвени за ова уникатно искуство!

Ако претходно не сте ја користеле апликацијата, не грижете се! Само следете ги овие чекори:
1. Преземете ZOOM на вашиот компјутер
2. Погледнете го ова 1-минутно упатство https://youtu.be/rw6TCR8Xtyc за да разберете како да се поставите за да уживате во претставата.
3. Во даденото време (20 часот), само кликнете на линкот погоре и сè ќе започне автоматски..

Бројот на онлајн посетители е ограничен. Потребно е да го подигнете вашиот билет.
0,-
online

Атина, Грција