Тотално Опуштање

концертна промоција на „Летечки булдожер“

Групата Тотално опуштање постои од раните есенски денови на 1993-та година. Производ е на имагинацијата на нејзиниот пеач кој што сакаше да направи многу добра тезгарска група, со која што ќе собира пари. Меѓутоа се случи да направи сојуз со двајца свои истомисленици, Љак и Максим, со кои што влезе во само за нив разбирлив филм на рок музиката, така наречено „дивјаштво“. Веднаш почнаа со голем успех да ја шират својата рок идеологијата низ целата земја и тоа сеуште не престанале да го прават и после повеќе од 25 години. Албумот што ќе го промовираат на концертот во МКЦ, насловен „Летечки Булдожер, е нивно осмо долгосвиречко издание.

Во групата Тотално опуштање свират и пеат:

  • Марјан Китановски – гитара, вокал
  • Ристо Јанковски Љак – тапани
  • Владимир Стојчевски – бас-гитара
  • Златко Андоновски Голди – гитара


кафе МКЦ