The Underground Youth

Следната година се дружиме со „The Underground Youth“, овојпат со нивниот нов тотално различен материјал од сите претходни изданија. Ставете во календар, 16 март 2022 во МКЦ.

„The Underground Youth“ е бенд предводен од Крег Даер, формиран во Манчестер, со седиште во Берлин. Бендот го објави „Falling“, својот десетти албум на 12 март 2021 година преку Fuzz Club Records. Од новиот албум дознаваме како Крег и бендот ја менуваат својата остра постпанк-меланхолија за попрефинет и соголен звук, кој влегува во светот на романтичниот фолк-ноар. Значајно отстапување од примарниот интензитет, кој го знаеме од претходната работа на групата, „Falling“ прикажува помек, повеќе филмски музички пејзаж обликуван со акустични гитари, пијано, хармоника и големо присуство на виолина и гудачки аранжмани. Покрај инструментацијата и атмосферата што претрпеа трансформација на овој албум, туку се наоѓа и најискрената и најинтроспективната работа на Крег до сега.

„Лирски, овој албум ми делува најискрен и автобиографски. Уште ја покривам реалноста на она што го напишав со нешто измислено, но искреноста и романтиката што блеска во целиот запис е поискрена отколку што беше во мојата претходна работа. Идејата беше да се соблече бендот за да се овозможи лирски простор за дишење“, рефлектира Крег на албумот.

Албумот е производ на вознемирувачкиот и непознат свет во кој сега се наоѓаме. „Falling“ беше снимен помеѓу Крег и апартманите (претворени во домашни студија) на гитаристот/продуцентот Лео Каге.

„Албумот ме враќа на мојот начин на пишување од нашите најрани изданија, пишувајќи ги демо-снимките како соблечени акустични записи дома. Она што започна како збир на романтични и длабоко лични песни, ги презеде и околните фрустрации и чувства кон ситуацијата во која се најдовме. Создаден од неизвесност и тага и како светската пандемија ја промени индустријата во која напредувавме, овој албум исто така функционира како љубовно писмо до минатото“, раскажува Крег.

250,- | 300,-

сала 25 Мај