Танцувајќи го менуваме светот
4 април | МНТ
20:00 | Свечено отворање, доделување на наградата Менада
20:30 | „Таленти во движење“ – Кодартс танцова компанија, Холандија
5 април | МКЦ (сала 25 Мај)
20:00 | „Дали е реално?“ – Гилда Цесарио, Италија
Кореограф: Гилда Цесарио
Танчери: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити, Дениз Камаса
Видео: Андреа Базиле
Музика и продуцент: Opto, Opiate, Alva Noto и Ben Frost.
Наслов на музиката: ”Uni Normal – Ben Frost“ и „Opto File 2“
20:30 | „Opus I-IV“ – Унаге, Романија
Режија и кореографија: Сандра МАВХИМА
Дизајн на светло: Емилијан АНДРЕИ
Музика: Богдан МАРИНЕСКУ
Костими: Анастасија БАНАЈА, Александру ФЛОРЕА
Танчери: Хуан Круз ЛУКЕ, Алина ПОСТОЛАЧЕ, Бјанка СЕКРИЕРУ, Илинка АГАФИТЕИ,
Ана ВАН ХАРЕН
Продуцирано од: Институт за мултидисциплинарни истражувања во уметноста во рамките
на „Џорџ Енеску“ Национален универзитет за уметности, Јаши, Романија
OPUS I-IV е инспириран од кратките апстрактни анимирани филмови создадена од сликарот и режисер Волтер Ратман (1887-1941), како кореографија на потсвесното искуство, поврзано со неговиот реален живот. ОПУС I, првото дело што го создал како филмаџија, кратко по неговото опоравување од посттрауматски стрес, е аналогија на неговото учество како артилериски поручник во Првата светска војна. Следните делови ОПУС II, III и IV се создадени во годините што следуваат по неговото закрепнување, и тие исто како и првото, се поврзани со неговата биографија и четирите жени на неговиот живот.
Претставата OPUS I-IV е создадена по практично истражување на кореографскиот јазик во експерименталните филмови создадени на почетокот на XX век, симболични за историјата на апстрактна уметност.
21:00 | „Lud:Us“ – Jакуб Черулик, Нитра, Словачка
Кореограф и танчер: Јакуб Черулик
Дизајн на светло: Мартин Пушкар
За Џозеф Бојс, „уметник“ беше збор за опишување на суштината на она што значи да се биде човек: длабоката потреба и основната способност да се создава и да се биде креативен. Во време на “metaverse“, заеднички виртуелен свет кој работи на принципот на Minecraft, секој може да ги манифестира своите фантазии за реалноста со неколку кликања. Поради софтверите за дигитализација и производство, кои ја елиминираат потребата од занаетчиска техника, а неодамна и креативните методи, ја надминавме најголемата пречка помеѓу фантазиите на поединецот и нивното прикажување во реалност. Се чини дека фразата секој е уметник добива на важност уште еднаш.
„Lud:Us е онтолошко уметничко дело, каде основните елементи, методите, тактиките, стратегиите итн. на современиот танц (заснована на анализата на движењето на Лабан) и танцовата изведба се поделени на карти за игра, кои му даваат на играчот опции или прашања што го водат до инструкции изведувачот за тоа што треба да прави и како треба да го направи тоа.“
10 април | МКЦ (сала 25 Мај)
20:00 | „Табу република“ – Бобан Русески & Скопје танцов театар
кореографија и режија: Бобан Русески
танчери: Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Стефи Шааршмит, Клара
Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, Ангела
Петровска, Јоана Благадуша.
актер: Наталија Ристеска
пијано: Ема Ананиевска
теремин: Кети Танчева
визуелен уметник: Кристијан Јованоски
костимографија: Благој Мицевски
плакат: Кристијан Јованоски
*Зборување јасно и гласно за подигнување на свеста и штитење на законот во едно општество за секојдневните навики.
Дали таа тоа го сака?
Дали има услови?
Дали ја штити законот?
Дали сама одлучи за тоа?
Прашање за неа.
Ако сум слепа, како ќе го видам?
Ако сум нема, како ќе му кажам?
Ако сум неподвижна, како ќе му помогнам?
11 април | МНТ
21:30 | „Блокови“ – Дејан Битровски & Скопје танцов театар
22:00 | „Место, многу посебно за неа“ – Адријана Данчевска & Скопје танцов театар
12 април | МНТ
20:00 | Dance communication project
20:15 | „Забрзување и вознесувања“ – Dallas Black Theater, Далас, САД
24 април | МКЦ (сала 25 Мај)
20:00 | „16 чекори до земјата“ – Априори танцова компанија, Грција
Идеја/Кореографија: Елеонора Илија Настапуваат: Ана Папаниколау, Марија Влахоу, Наталија Барус
Музика/Композитор: Александрос Ризопулос
Драматург: Стела Димитракопулу
Асистент кореограф: Ана Папаниколау
Костими: Ники Хронопулу
Дизајн на осветлување: Костас Зоукас
Априори танцово-театарската претстава на Dance Company, насловена „16 Steps To The Ground“ е движечко истражување на грчкиот традиционален танц од регионот на
Епир, наречен „Загорисиос“.
На сцената се формира спирала направена од земја, и како референца за суровината на постоењето и за спиралната форма на многу грчки традиционални танци.
Експериментирајќи со повторливиот шаблон на „Загорисиос“, кој се состои од 16 чекори, трите танчерки го презентираат својот искуствен однос кон традицијата во
денешно време.
Дали повторното откривање на традицијата може да биде откупно и ослободувачко за едно општество? Дали може повторно да не обедини?
Продуцирано од: A priori Dance Co.
Премиерата во Грција е одржана под покровителство на Културниот центар на Јанина, Епир (ГР) на 28 февруари 2020 година.
21:00 | „Код #9“ – Ивана Балабанова & Алесандро Ола
Со својот минималистички пристап, Код#9 ја истражува трансформативната сила на играта помеѓу темнината и светлото. Додека темнината нуди можност за бесконечност и трансцеденталност, светлото резба фрагменти од телото, мислите и воздишките.
Звучниот пејсаж ја дополнува имерсивната и медитативна атмосфера, водејќи ја публиката на работ помеѓу сонот и јавето. Со постојана игра помеѓу темнина и суптилно светло, публиката може да посведочи повеќе различни енергетски состојби, додека танчарот ја кани публиката да се придружи на патувањето.
Перформансот е создаден во рамките на две резиденции: Барселона (2021) и Скопје (2022). Премиерно е изведен во „Погон“ Загреб, потоа на фестивалот „Фуоримаргине“ во Сардинија, Италија. На реномираниот фестивал “МАСДАНЦА“ на Канарските острови, ја добива третата награда од интернационалното жири, а моментално ја остварува својата Балканската турнеја во Скопје, Софија, Белград, Печ и Љубљана.
26 април | МНТ
20:00 | „Лејди Макбет (квартет)“ – Рисима Рисимкин & Скопје танцов театар
28 април | МОБ (мала сцена)
20:00 | Одење и слични кореографски решенија, Филип Петковски