ТИ ЏЕЈ МИЛЕР ВО СКОПЈЕ

Skopje Comedy Club има привелегија да го најави познатиот стендап комичар, актер, продуцент, поткастер, Ти Џеј Милер, кој доаѓа во Скопје на 15 мај оваа година.

Ти Џеј Милер најверојатно најдобро ѝ е познат на јавноста како Ерик Бахман во HBO серијата „Силиконска долина“ за која во 2015 ја освојува наградата за најдобра споредна улога на Critics’ Choice Television Awards, а во 2016 е повторно номиниран. Исто така се појавува во филмовите “Deadpool”, “She is Out of my League”, “Yogi Bear”, а го позајмува својот глас во анимираните филмови “Big Hero 6”, “How to Train Your Dragon” и “The Emoji Movie”.

Ти Џеј Милер, кој е дел од Американската мејнстрим стендап сцена веќе 15 години е добро познат како ексцентрик, несериозен филозоф и позитивен нихилист, а неговата комедија е посочување на секојдневната апсурдност, бесмисленост и несекојдневните ситуации во кои се наоѓа. Во 2017 година го издава својот прв HBO stand-up special “T.J. Miller: Meticulously Ridiculous”, кој е одлично прифатен од критичарите, a Чарлс Брамеско од Rolling Stone вели: „ Комичарот (Ти Џеј Милер) е како последниот дечко во бар, пијан дрдорко, кој не можеш да не го сакаш, зашто си на негова страна. Неговото принципиелно бладање само има подобри поенти“.

Милер прв пат доаѓа во Скопје на 15 мај оваа година во сала Фросина (Младински културен центар) во склоп на неговата турнеја во Европа. Билетите се во ограничен број и може да се набават на билетарницата во МКЦ или на bileti.mkc.mk од 3 март.

FB event T.J. Miller web T.J. Miller twitter T.J.Miller IG

сала Фросина