Светот на „Бушава азбука“

креативна работилница за деца

Времетрање на работилницата: Час и половина
Возраст на децата: од 6 до 8 години

Активности на работилницата:
– Читање на делови од книгата „Бушава азбука“, разговор, толкување на непознатите зборови
– Развивање на имагинацијата на децата со играње креативна игра со букви
– Креирање на сопствена творба (цртеж, комбинација на цртеж и текст, стрип)

Едукатор: Билјана С. Црвенковска, писателка, сценаристка, уредничка во издавачката куќа Чудна шиума и едукатор за деца и млади. Авторка е на книги за деца и за возрасни, меѓу кои и приказните од „Светот на Биби”.

Работилницата е бесплатна и поради тоа бројот на учесници е ограничен, а пријавувањето е задолжително, на електронска пошта: biljana.crvenkovska@gmail.com

Плато МКЦ