Иако музиката на бендот можеби и не е поп во класична смисла на дефиницијата, таа поставува трендови и ги поместува или дури и ги отстранува границите. Од своите почетоци и за само четири години, Свемирко лесно стана најбараната концертна сензација во областа населена со јужни Словени, додека клучната личност, главниот и креативен ум на групата – Марко Вуковиќ, не престанува да го испорачува ветеното и неочекуваното.
Новиот, трет по ред студиски албум на Свемирко „Скаламерија“ е последниот дел од трилогијата „-ија“. Поразличен, повешт и попрогресивен во споредба со претходните албуми „Тунгузија“ и „Ванилија“, пред сè е достоен крај, ако не и најочекуваниот дел од оваа трилогија со епски размери.