Субјективно мапирање

Работилница за деца: Интерактивни разговори 3

Ментори:
– Јасмина Рундевска Тодоровска – родови студии, ликовен уметник
– Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник

Субјективно мапирање е создавање мапи што ја прикажуваат повеќе личната перцепција или перспективата на местата/просторот околу нас, отколку опис и презентација на реалноста со мерливи методи, која изгледа како да е повеќе објективна. Субјективните мапи претставуваат алтернативна претстава за просторот и со нивно создавање може полесно да се дојде до промена на веќе постваените норми и стандарди. Со субјективното мапирање, односно преку цртежите/приказни на секое дете ќе се создаде една заедничка пообјективна мапа на градот Скопје.

Врз претходно поставена голема мапа на подот каде што ќе бидат означени поважните точки низ градот и скопските населби, секој од учесниците најпрво ќе го пронајде и исцрта својот дом. Потоа ќе се обидат да го обележат своето училиште или градинка. Преку претходно зададена агенда со определени ознаки, ќе ги исцртаат и местата што најмногу ги сакаат, како и определени места, објекти, (луна) паркови и сл. што им недостигаат низ градот.

Локација: Парк МКЦ
Максимум учесници: 10-ина
Пријава: nesovskidoro@gmail.com
Возраст: 8-11 год.
Четврток, почеток: 18:30 – 19:30
Почитување на мерките и држење дистанца од 2м и носење маска се задолжителни.

Интерактивни разговори се серија детски работилници, мултидисциплинарен проект, кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори 3D-моделатори, музиколози, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика, издавачи, дизајнери за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Проектот е поддржан од министерство за култура на Р.С. Македонија, МКЦ

FB event

МКЦ парк