ЗАВРШЕН НАСТАН НА ТЕАТАРСКИOT ФЕСТИВАЛ
Интернационалниот онлајн фестивал „Театарски европски алтернативи“ STURM UND DRANG ќе заврши во живо со изложба од програмата НОВ БРАН и доделување награди, музика и дружба.
Изложбата ќе биде поезија преточена во дизајн-постери, фотографии и графички визуелни дела на тема „продор“.
Исто така ќе биде прикажано видеото „Едноминутна актерска игра“ на 9 студенти од различни држави.
Ќе биде прикажан и краткиот перформанс на специјалниот гостин Петар Милошевски, „Ќе се омажиш за мене“, кој е создаден за време на полицискиот час минатата година.
Ќе бидат доделени 5 награди.
Жирито во состав: Лилиа Абаџиева (режисер), Сашо Димоски (автор и драматург) и Бењамин Бајрамовиќ (актер) ќе одлучат за наградите:
НАЈДОБРА АКТЕР/АКТЕРКА
НАЈДОБАР РЕЖИСЕР/РЕЖИСЕРКА
НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА
Актерот од Босна и Херцеговина, Емир Хаџихафизбегович ќе одлучи за наградата НАЈДОБРА СТУДЕНТСКА ПРЕТСТАВА, а публиката ќе ја додели наградата за НАЈДОБАР НОВ БРАН АРТИСТ.
Модератори на настанот се:
Сузана Ал Салкини
Даријан Петров
- Настанот е отворен за јавноста, со строго почитување на актуелните протоколите за заштита од КОВИД.