Факултет за уметност и дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет
Изложба од студентски дела изработени во традиционални и дигитални медиуми како дел од работните задачи на Факултетот за уметност и дизајн. Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјална едукација на младите и воедно презентација на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет пред пошироката публика.
Студентското претставување пред пошироката јавност ќе ги прикаже нивните креативни, иновативни и уметнички способности во корелација со значајната соработка со МКЦ, која има значаен импулс за понатамошни културни соработки. Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници и дизајнери да продолжат да ги градат своите креативни идеи, како и одлична можност за младите да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес. Со тоа им се овозможува реална пракса и поблиска интеракција со нивната идна професија. Младинскиот културен центар отсекогаш претставувал простор за стимулирање на младата публика кое е од големо значење за формирањето и влијанието на културниот развој во заедницата.
Изложбата трае до 14 март.