Стрип Трип Фестивал Скопје

Девојки и дечки, млади и стари, грунфови и загори, ви го најавуваме Број 1 изданието на Стрип Трип Фестивал Скопје!
Со огромна возбуда и нескромно задоволство го најавувме првиот стрип фестивал во МКЦ, идеално сумран во насловот Стрип Трип

На програмата, ќе имаме:
• Дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија
• Гости автори и издавачи
• Изложба на реномирани стрип цртачи
• Супер музичка програма
• Работилница за цртање стрип за деца
• Филмска програма
• И најважно….БЕРЗА НА СТРИПОВИ!
Ги повикуваме сите издавачи, колекционери, стрипомани и стрип љубители, самите и нивните најмили да повелат и заземат активно учество на првото премиерно издание на Стрип Трип, кое искрено се надеваме ќе прерасне во богата и долгогодишна традиција, како што личи на еден сериозен, возобновен и етаблиран град на една држава што претендрира да претендира.
Би сакале да се заблагодариме на стрип книжарницата Бункер и издавачите Стрип и Квадрат за несебичната помош и насока во организацијата како и:
Нашето културно богатство, илустраторот и уметник Гоце Илиевски, кој го креираше дизајнот за овој настан. Гоце, наскоро и номинација за УНЕСКО!

Нема коментари

You can be the first one to leave a comment.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.