„ВО ПРОЦЕС“

СТЕНДАП-ШОУ НА СРЃАН ДИНЧИЌ

Skopje Comedy ви закажува средба на 22 октомври во 20:30 часот заедно да го гледаме најновото стендап-шоу на Срѓан Динчиќ, насловено „Во процес“, премиерно во Скопје во Кино Фросина (МКЦ).

За Срѓан Динчиќ нема што да се додаде што веќе не го знаете. Најдобриот комичар на Балканот, и тоа не го кажуваме ние, туку некои други луѓе. За нас тој е чудак што си ја скрши раката играјќи кошарка две недели пред премиерата, бидејќи заборави дека е во години…

Во ова стендап-шоу, Срѓан ќе нѐ води низ неговите животни ситуации со неговиот многу специфичен поглед на светот. Работи што на сите ни се случиле, но не ни биле толку смешни. Можеби е време да ги погледнеме сите проблеми на поинаков начин, а можеби само треба да дојдеме на стендап-шоу за да го видиме хуморот во тоа.

Ова е петтиот стендап-special за Срѓан. Претходните четири се „Под невидливиот чадор“, „Лага заснована на вистински настан“, „Ѓаволот јагода“ и „Трета држава“. Срѓан Динчиќ е стендап-комичар од првата постава на организацијата Standup.rs, а зад себе има една деценија работа и илјадници настапи во Србија, регионот и остатокот од светот. Беше учесник на сите фестивали во земјата и регионот и хедлајнерот на секој StandUpFest во Белград. Тој е сценарист и учесник во шоуто „Вечер со Иван Ивановиќ“ и „Вечери на импровизација“, кои ги изведува со своите колеги од организацијата. Учествуваше во проектот „Stand up & more“, кој се емитува на каналот Comedy Central Extra, а е првиот стендап-комичар од нашите простори што посети 50 градови и наполни два Домови на синдикати со стендап-шоуто „Ѓаволот од јагодата“. Учесник е на конференцијата Тедекс и еден од најпознатите афористичари во Србија. Тој го отвори настапот на познатите комичари Еди Изард и Дилан Моран.

сала Фросина