МКЦ, заедно со фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс и издавачката куќа Слово, на драго срце и уште подрага прилика ве канат на:
Претставување на една носталгична книга: “СТАРИТЕ КИНА” (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954) од почитуваната Илинденка Петрушева.
На промоцијата ќе зборуваат:
– Јасна Франговска, радиоводител и поранешен новинар
– Борис Дамовски, режисер
– Димитар Башевски, писател и издавач и авторот/филмолог Илинденка Петрушева.
Модератор на промоцијата е Русе Арсов, продуцент и уредник на драмска програма во МКЦ.
Во рамките на промоцијата, ќе се одржи и проекција на филм:
„Кино Мортус“, 2021
РЕЖИЈА: ИВАНА ЦВЕТАНОСКА
Камера: Антонио Мисиркоски, Матеа Козовски
Монтажа: Оливер Милески
Звук: Леон Шумански
Продукција: МакеДокс филмска школа „ДокуНикулци“