СРАМОТА!

Вечер на раскажување квир приказни

Концепт и авторки ПичПрич: Ана Василева и Румена Бужаровска

Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам што ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и се трансформира, исмеаниот станува исмевач – срамот се враќа назад кон оние што занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото задушување навнатре во себе, експлодираме од смеа.

Веднаш по настанот следува диџеј сет со Ивана Драгшиќ – скопската чуварка на хаусот.

Настанот е организиран во партнерство со „Тиииит! Инк.“ и „ПичПрич.“ Настанот е поддржан од Шведска и Фондацијата „Квина тил Квина“.

сала Фросина