- сцена: МКЦ, сала Фросина
Прво па женско (МКД)
Авторка: Angela Stojanovska
Времетраење: 60’
Јазик: македонски
Изведувачка: Angela Stojanovska
Креативни соработници: Milos B. Andonovski (Director), Eva Kamcevska (Playwright)
Фотографка: Sonja Stavrova

Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот што сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.
*Перформансот е развиван во рамки на Платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО: ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич, кои ги реализира ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк.