СРАМ

ПРВО ПА ЖЕНСКО (МКД)

АВТОРКА: Ангела Стојановска

Изведувачка:  Ангела Стојановска

Креативни соработници: Милош Б. Андоновски (режисер), Ева Камчевска (драматургија)
Фотографка: Соња Ставрова

Времетраење: 60’

Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот што сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.
*Перформансот е развиван во рамки на Платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО: ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.

АКТИВНОСТИТЕ НА ПЛАТФОРМАТА СЕ ПОВРЗАНИ СО ПРОГРАМАТА НА ПРОЕКТОТ  „ЖЕНИ ЗА ЖЕНИ“ #WOWPROGRAM И ПРОЕКТОТ ПИЧ ПРИЧ, КОИ ГИ РЕАЛИЗИРА ЗГ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЖЕНСКАТА АКТИВНОСТ ТИИИИТ! ИНК.


  • Влезот е со бесплатни билети, кои може да ги набавите на bileti.mkc.mk
  • Настанот ќе се организира со почитување на актуелните ковид-протоколи