- фестивалски стрим во живо
Словенско младинско гледалишче (СЛО)
Режисер: Boris Nikitin
Времетраење: 100’
Јазик: словенечки со македонски превод
Играат: Primoz Bezjak, Janja Majzelj, Ivan Peternelj, Blaz Sef, Stane Tomazin
Драматургија: Goran Injac
Асистент на режија, корежисер: Jan Krmelj
Костимографија и дизајн на маски: Vanja Djuran, Lea Bratusek
Селектор на музика/Music selection: Boris Nikitin, Jan Krmelj
Музички аранжмани: Uros Buh
Јазичен консултант: Mateja Dermelj
Превод (германски-словенечки): Tanja Petric
Превод (германски-англиски, англиски-словенечки): Urska Daly
Дизајн на звук: Marijan Sajovic
Консултант за специјални ефекти: Klemen Stare
Инспициент: Gasper Tesner
Последната верзија на текстот е создадена во соработка со тимот

Прекумерното реагирање, пародијата, провокацијата и субверзивното играње со границите помеѓу реалното и лажното станаа фино подесени реквизити за популизам во натпревар за политичко внимание. Границите на договореното постојано се поместуваат и се доведуваат во прашање. Како да ја влечеме западната филозофија над дадаистичка јама и прашањето „што е реалност?“ и „кој ја одредува?“ ќе стане гориво за следниот престап. Нефикција во трескавична состојба, пародија како парадигма на нашето време! И последиците, како и секогаш, реални: победа на избори, предизвикување кризи, донесување политички одлуки, војни, продажба на производи. Жртва на ова е малиот човек и неговата веројатно најголема политичка способност: неговата ранливост. Ранливоспособност. Како може да се справиме со сето ова на сцената, овој веројатно најдвосмислен простор што еволуцијата го има создадено некогаш? Можеби само како лоша шлаканица, како спротивставување на нештата. Во своите дела, Борис Никитин ги истражува границите помеѓу реалноста и фикцијата, документот и неговиот фалсификат и претпочита да ги разнесува овие категории. Вака создадениот театар е суров, груб, фронтален и директен. Тој игра со реторика и пропаганда на морничав начин. Прво се идентификувате со фашизоидниот дискурс на сцената, во следниот момент ве обзема фактот дека заглавивте во неа, потоа се прашувате како се случи тоа. Која реалност е всушност претставена на сцената? Категориите се заматени, сè е доведено во прашање. Ова е одлична одлика на театарот на Борис Никитин, истовремено и спроти нештата.
Најредовниот гостин на МОТ, од самите почетоци на фестивалот. Омилениот театарски ансамбл на нашата публика. Јубилејниот 45-ти МОТ не може да се замисли без својот заштитен знак, Словенско младинско гледалишче.