СПАСЕНИ

режија: Дамјан Костовски

текст: Томислав Зајец

„Спасени“ е претстава што зборува за осаменоста на луѓето во ова сурово и цинично време. Специфичната фрагментарна драматургија на текстот, едноставниот јазик и суптилата духовитост се фундаментот на оваа претстава, а преку брзиот ритам и динамичното темпо како сложувалка се открива приказната на десетте ликови, кои по некоја „случајност“ се наоѓаат заедно на ова патување. Несреќата со возот го менува светогледот на преживеаните патници и нивниот однос кон животот се редефинира и добива една сосема нова смисла.

  • играат: Владимир Петровиќ, Горан Ников, Мирјана Трпковска, Хари Михајловски, Ања Митиќ, Јоанис Далајоргос, Елена Кузманов, Антонио Ташковски, Васко Костовски, Кире Ацевски
  • сценографија, костимографија и дизајн на плакат: Милка Черепналковска, Екатерина Николовска, Екатерина Добривојевска
  • композитор: Бојан Филиповски
  • извршен продуцент: Батухан Ибрахим технички соработник: Дамјан Ѓорѓиев

Закажани се две изведби, на 8 и 9 маj


сала 25 Мај