Откако 10.000 Russos го откажаа својот настап, вечерта сепак ќе ги слушаме Space weaver и Преку ред.
Space weaver е психоделичен рок бенд од Софија, формирани 2021 од страна на четворица млади дечки чиј заеднички интерес се психоделијата и гласните рифови. Заедно, Николај Маринов (гитара, вокал), Теодор Димитров (гитара), Симеон Бајатов (бас) и Михаил Ангелов (тапани) цртаат соничен пејзаж со ведар, сонлив карактер и доза на прог, најавувајќи сериозен рифовски напад на сензорните сетила, кои влечат во длабочините на амбисот. Главната цел на бендот е да исткае мрежа од вселенски грувови, кои флертуваат со бавни и тешки ритми, целосно внесувајќи нѐ во суперсонични вибрации.
Space weaver се дел од #Liveurope програмата на МКЦ.
Домашна поддршка: Преку ред.
Преку ред се рок бенд од Скопје формиран 2021 година. Составен од 4 членови, Никола Стоименов (бас), Христијан Тасевски (гитара), Горазд Митревски (тапани) и Антони Анев (вокал). Ниту еден од членовите не знае како се нашол во овој бенд, а нивна најголема фрустрација е тоа што ‘појачалата’ не одат до 11. Настапот на бендот е во соработка со здружението Култиватор.
Liveurope е првата паневропска иницијатива што ги подржува напорите на концертните сали во промоција на надоаѓачки европски артисти.
Conspiracy – треш/хевиметал-бенд од Скопје, формиран 2016 година. Својот прв албум „Dehumanized“ го издаваат по победата на фестивалот „Luzer fest“, а моментално работат на втор, со тоа што ќе имаме прилика да слушнеме неколку нови песни, а воедно и песните од првиот албум.
Бендот е составен од:
Стефан Трајкоски – Вокал и ритам-гитара
Александар Стефановски – тапани
Адриан Петров – соло-гитара
Раде Биковски – бас-гитара